Кошарка – НБА

Атланта несовладлива!

20.01.2015 18:07

Иако беше најавено дека ќе одмора, македонскиот кошаркар одигра десет минути за коишто реализираше пет скока и една асистенција. Со 34 победи и 8 порази, Атланта е лидар на „истокот“ и има втор ефект во лигата...

Атланта на Перо Антиќ пак, игра како пред 54 кога беше конференциски, односно пред 57 сезони кога единствен пат беше НБА шампион. Хоукс ја остварија 13-тата победа по ред и тоа дома против Детроит со 93:82. Иако беше најавено дека ќе одмора, македонскиот кошаркар одигра десет минути за коишто реализираше пет скока и една асистенција. Со 34 победи и 8 порази, Атланта е лидар на „истокот“ и има втор ефект во лигата.

Најдобар е Голден Стејт којшто славеше против Денвер со 34 разлика, 122:79. Во 18 мечеви дома, Вориорс сезонава само еднаш се поразени и тоа од шампионот Сан Антонио. Вкупниот ефект на Голден Стејт е 33-6.

По 16 порази во низа, Њујорк конечно победи.94:92 дома против Њу Орлеанс за само шестти триумф сезонав. Со 36 порази Никс се најслаба екипа во лигата.

Во малото дерби, Кливленд го совлада Чикаго со 108:94 благодарение на кошаркарите од првата петорка кои имаа двоцифрен поентерски ефект, Леброн Џејмс 26, Џеј - Ар Смит 20, Ирвинг 18, Лав 16 и Мозгов 15.

Најдобро поединечно постигнување имаше Харден кој со 45 поени беше најзаслужен з атриумфот на Хјустон против Индијана со 110:98.

 Во другите натпревари: Мемфис - Далас 95:103, Милвоки - Торонто 89:92, Шарлот - Минесота 105:80, Вашингтон - Филаделфија 111:76, Клиперс - Бостон 102:93, Феникс – Лејкерс 115:110, Портланд - Сакраменто 98:94 и Орландо - Оклахома 99:127.