Кошарка – АБА лига

Црвена Звезда прва до плеј офот!

20.01.2015 18:08

Според новиот систем на натпреварување, четирите најдобри екипи нема да играат завршен турнир, туку полуфинални дуели во два добиени меча...

Продолжувајќи го рекордот на 18 победи, Црвена звезда откако вчера го совлада Задар со 93:66, е првата екипа што обезбеди плеј оф во АБА конкуренцијата. Црвено – белите се единствени без пораз, па и да ги загубат сите натпревари до крајот на лигашкиот дел од сезоната, најмалку ќе бидат четвртопласирани.

Според новиот систем на натпреварување, четирите најдобри екипи нема да играат завршен турнир, туку полуфинални дуели во два добиени меча.

Во пресрет на саботното гостување кај Цедевита, кошаркарите на МЗТ Скопје се дванаесетти со шест триумфи и 12 порази. Преносот од Загреб ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 17 часот.