СП Катар 2015

Балканско дерби на светско

21.01.2015 09:43

Натпреварот со Хрватска е не само спортски, туку и емотивен предизвик за хрватскиот стратег на македонската клупа Ивица Обрван, вели: „Ја сакам Хрватска, но се ќе сториме македонија да победи затоа што моите ракометари се најдобри“...

„Му се радувам на натпреварот против Македонија,тоа ќе биде големо балканско дерби на светското првенство во Катар“- вели селекторот на хрватската ракометна репрезентација Славко Голужа пред денешниот натпревар меѓу селекциите на Македонија и Хрватска во рамките на 4-тото коло на СП во Доха.

Му се радуваме и ние, задоволни од постигнатото,од историските три победи во исто толку натпревари, од фактот што сме меѓу неколкуте селекции со стонастотен ефект досега. Против Тунис нашите ракометари блескаа, стигнуваа пофалби од сите страни, со Иран и Босна не беа на нивото, но победуваа, а тоа е најважно, исполнувањето на целта и како што вели капитенот Лазаров за враќањето на мирот во репрезентацијата, а кога е така нема причина да не се надеваме на нов успех.

Натпреварот со Хрватска е не само спортски, туку и емотивен предизвик за хрватскиот стратег на македонската клупа Ивица Обрван, вели: „Ја сакам Хрватска, но се ќе сториме македонија да победи затоа што моите ракометари се најдобри“.

Дуелот меѓу досега двете непоразени селекции, дуелот на емоции и докажување, дуелот за престиж, но и за првото место во групата следете го денеска од 17 часот на првиот програмски сервис на МРТ како и емисијата посветена на ракометниот мундијал половина час порано.