Франција и Шведска нови осминафиналисти
Во третата група во Духаил арената актуелниот европски олимписки првак во Франција е осминафиналист и покрај нерешениот исход со незгодниот Исланд, 26-26, додека Шведска во Ал Атија комплексот очекувано лесно се справи со африканскиот шампион Алжир ...

Дуото репрезентации од „Ц“ конкуренцијата кои се во кругот на фаворити за висок пласман обезбедија пласман меѓу 16-те најдобри на Мундијалот во Катар. Тројцата исландски селектори, Гудмундсон (Данска), и Сугурдсон (Германија), во директен двобој и Кристјансон (Исланд), против Франција, освоија три бода во најинтересните дуели од третата рунда на СП.
Во третата група во Духаил арената актуелниот европски олимписки првак во Франција е осминафиналист и покрај нерешениот исход со незгодниот Исланд, 26-26, додека Шведска во Ал Атија комплексот очекувано лесно се справи со африканскиот шампион Алжир совладувајки го со 27-19 и обезбеди осминафинале со максимален ефект.
Во истата сала Египет и го нанесе и третиот пораз на Чешка на ова првенство, совладувајки ја со 27-24 и направи голем чекор кон друштвото топ 16 на турнирот.
Швеѓаните поради подобрата гол разлика се лидери на табелата со максимални 6 бода пред француската селекција со еден помалку. Следуваат Египет со 4, Исланд со 3, и Чешка и Алжир кои се на нула.
Два дерби двобоја ја збогатија денешната понуда во четвртата група во која нема репрезентација со обезбеден прогрес во нокаут фазата. Во европската ракометна класика, во пресметката на двата исландски стратега, предводници на Германија и на Данска, Сигурдсон и Гудмундсон ремизираа со резултат 30-30.
По второто дерби Полска е во пол позиција пред Русија откако во директниот судир славеше во возбудлив дуел со 26-25, исто како и Аргентина која ја потврди фаворитската улога против Саудиска Арабија и ја победи убедливо со 32-20.
Во последното коло најверојатно за четвртото место во оваа група кое води во осминафиналето ќе решава аргентинско – руската пресметка.
Германија е најблиску до првата позиција со пет бода иако се уште математички може да остане без осминафинале, но ако киксне во последните средби со Аргентина и со Саудиска Арабија. Данска е втора со четири бода колку што има и Полска на третата позиција.
Аргентина со три бода е сега на позицијата што обезбедува елиминаторна рунда, пред Русија која има еден помалку. Саудиска Арабија е без бодови на последната шеста позиција.
