СП Катар 2015

Билети нема, салите празни

21.01.2015 10:05

Генерално првенството тече без посериозни проблеми, но во една грандиозна манифестација и вложени преку 200 милиони долари никако не се вклопуваат празните сали. И тука се отвора прашањето: Каде се навивачите?

Каде е публиката? Чудни работи се случуваат на истокот. Доха и Катар живеат во духот на ракометот. Речиси нема зграда во центарот на градот што не е избрендирана со логото на Светското превенство, салите се убави, нови, подготвени. Условите за игра и следење на натпреварите одлични, со исклучок на повремените претерувања со климатизацијата, па имате чуство како да е потребно греење, а не ладење.

Катар го прави првиот поголем исчекор во светот на спортот, парите не им се проблем, искуството да, што се одрази на проблемите со транспортот на почетокот на шампионатот. Не дека не се трудат, ќе им треба време да научат да функционираат како тим. Генерално првенството тече без посериозни проблеми, но во една грандиозна манифестација и вложени преку 200 милиони долари никако не се вклопуваат празните сали. И тука се отвора прашањето: Каде се навивачите?

Според информациите и на официјалниот сајт на Мундијалот билети, особено за завршницата нема. Хотелите работат со стонастотен капацитет, па е тешко да се најде сместување. Доха е град со близу 2 милиона жители-најголемиот дел работници од странство ангажирани во градежништвото кои секојдневно пустината ја претвораат во атрактивни градби, а во 3-те сали со вкупен капацитет од околу 30-тина илјади места едвај во текот на натпреварувачкиот ден се пополнети 5-6 илајади.

И одново прашањето: Каде се навивачите или уште подобро кој ги купи билетите?

 

Зоран Видевски, специјален известувач од Катар за МРТ