По труењето со храна пред мечот со Хрватска

Прибак ќе биде во составот, дали ќе игра, ќе реши Обрван

21.01.2015 10:07

Како што објасни доцна синоќа директорот на репрезентацијата Никола Панчевски, Прибак имал труење од храна, најверојатно од сладолед и чувствувал карактеристични симптоми – дијареја, повраќање и дехидрираност...

Немања Прибак е подобар и ќе биде во составот за денешниот натпревар против Хрватска!

Ова е најновата вест од таборот на македонската ракометна репрезентација, откако средниот бек на нашиот национален тим којшто имаше забележлива ролја во дуелите со Иран и со БиХ, го мина вчерашниот ден во болница, на инфузија. Како што објасни доцна синоќа директорот на репрезентацијата Никола Панчевски, Прибак имал труење од храна, најверојатно од сладолед и чувствувал карактеристични симптоми – дијареја, повраќање и дехидрираност.

Македонскиот репрезентативец загубил многу сила, но утрово бил многу посвеж, што значи дека селекторот Обрван нема да прави промена во составот. Плејмејкерот на Вардар сигурно ќе биде меѓу шеснаесетте играчи, а во зависнмост од случувањата на теренот селекторот ќе процени дали ќе го користи или ќе го одмори за понатамошните предизвици.

Во првите три мундијалски натпревари Прибак постигна седум гола од единаесет обиди. Против Иран имаше максимален ефект 5/5, а го даде клучниот погодок против Босна и Херцеговина, со којшто Македонија ја обезбеди победата.