СП Катар 2015

Една слика, илјада зборови

21.01.2015 10:26

Далеку е Катар од Македонија, не е ни ефтин, но повторно, 200-300 наши навивачи постојано се во салите каде што настапува машката ракометна репрезентација...

Не толку одамна од светската ракометна федерација нашите навивачи добија признание за најдобра навивачка група,доминираа на шампионатот во Србија, го преплавија Гетеборг за олимписките квалификации, а сега го освојуваат и истокот.

Далеку е Катар од Македонија, не е ни ефтин, но повторно, 200-300 наши навивачи постојано се во салите каде што настапува машката ракометна репрезентација. 

Специфични, единствени, колоритни, каде и да се појават ги освојуваат симпатиите, а „Излези момче“ станува рефрен кој го потпевнуваат речиси сите по нашите натпревари, од навивачите на другите селекции, новинарите, а можеби и официјалните лица.

Оттука не е ни чудо што на „Фалангата“ и се посветува големо внимание и во дневните весници во Катар. Тешко е да се протолкува што пишуваат, но како што се вели „Една слика ,илјада зборови“.

 

Зоран Видевски, специјален известувач од Катар за МРТ