СП Катар 2015

Како да им кажам да не играат

21.01.2015 11:35

Хрватска е меѓу топ 4-те репрезентации во светот, а наша цел четвртфиналето...

На новинарско прашање за селекторот на македонската ракометна репрезентација, дали не е подобро Македонија да се штеди на натпреварот со фаворизираната Хрватска и да се чува за обезбеденото осминафинале, Ивица Обрван по неколку мигови молк одговори:

„Логиката вели така, Хрватска е меѓу топ 4-те репрезентации во светот, а наша цел четвртфиналето. Но, како да им кажам на моите ракометари да не играат против Хрватска? Едноставно, такво нешто не може да се случи, ќе се обидеме да играме паметно, да не се трошиме премногу, а во зависност од резултатот и да ги победиме ако се укаже шанса“.