Саем за вработување во Тетово

21.01.2015 11:44

За учество на истиот се пријавени компании од разновидни сектори како производство, банкарски услуги, осигурителни компании и други. Ова е одлична и последна можност за граѓаните да добијат шанса и да ја пронајдат својата следна работна позиција...

Денеска караванот на Саеми за Вработување во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија и официјално ќе заврши со последниот саем во низата кој ќе се оддржи во градот Тетово.
 
За учество на истиот се пријавени компании од разновидни сектори како производство, банкарски услуги, осигурителни компании и други. Ова е одлична и последна можност за граѓаните да добијат шанса и да ја пронајдат својата следна работна позиција која ќе го збогати нивното работно искуство и кариера, без разлика дали се работи за моментално невработени лица или веќе вработени лица кои се во потрага по подобро работно место од сегашното.
 
Освен компаниите учеснички, кои во склоп на овој настан освен со учество ќе се претстават и со свои излагања и презентации, на саемот истотака ќе бидат присутни и директорот на Агенцијата за Вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, раководителот на АВРМ Тетово, Томислав Трифуноски, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, директорот на Стопанска Комора на северо-западна Македонија, Мендерес Кучи, како и претставници на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).
 
Своето присуство на саемот во Тетово го најави и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.