Ахмети полесно повреден во сообраќајна несреќа

21.01.2015 13:12

Ахмети бил пренесен во тетовската боолница. Повреден е и неговиот возач кој го управувал возилото „Ауди А8“ што директно удрило во бетонски столб пред наплатната рампа...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е полесно повреден во сообракајна несреќа што утрово се случила кај наплатната рампа Тетово – потврдува полицијата.

Ахмети бил пренесен во тетовската боолница. Повреден е и неговиот возач кој го управувал возилото „Ауди А8“ што директно удрило во бетонски столб пред наплатната рампа.

Несреќата се случила околу девет часот. Причините се очекува официјално да бидат соопштени по завршениот увид на лице место.