Тетово и Скопје најзагадени

21.01.2015 13:17

Поради загадувањето Градот Скопје вчера упати повеќе препораки до граѓаните. Движењето на отворен простор граѓаните да го сведат само на неопходни излегувања...

Воздухот изутрината беше најзагаден во Скопје, Тетово, Битола и во Кавадарци. Мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирања покажуваат дека во Скопје на мерните станици е евидентирано присуство на ПМ 10 честичките меѓу 250 и 300 микрограми, а во Тетово над 300 микрограми.

Поради загадувањето Градот Скопје вчера упати повеќе препораки до граѓаните. Движењето на отворен простор граѓаните да го сведат само на неопходни излегувања, малите деца, бремените жени, хроничните болни и повозрасните луѓе да не излегуваат на отворено, да не се проветруваат просториите и автомобилите и да не се користат без поголема потреба.