Курц: Напредок во реформите, опозицијата да се врати во Собранието

21.01.2015 13:29

За мене е сосема нејасно зошто нема никакво продвижување на работите по однос на овој спор. Сметам дека и едната и другата дежава како вклучени страни, имаат многу позначајни прашања за решавање, смета австрискиот дипломат...

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц е во Македонија. Остварена е средба со шефот на дипломатијата, Никола Попоски. Курц очекува да има напредок во реформите, но и опозицијата да се врати во Собранието. 

Потребна е севкупна свесност на цела Европа дека нерешавањето на ова прашање може само да наштети и на никому нема да помогне, ниту на едните ниту на другите. За мене е сосема нејасно зошто нема никакво продвижување на работите по однос на овој спор. Сметам дека и едната и другата дежава како вклучени страни, имаат многу позначајни прашања за решавање, пред се од економската сфера. Австрија во однос на притисокот ќе направи се што е во нејзина можност за да се внесе малку брзина во процесот, нагласи шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц.

Во Виена на 27-ми август ќе се одржи Конференција за Западен Балкан на чија агенда заедно со Австрија, рече министерот за надворешни работи Попоски, ќе работи Македонија. Посочи дека конференцијата ќе биде мотор за регионалната соработка и инфраструктурата.

Австрискиот дипломат беше примен од претседателот Иванов и од премиерот Груевски.