Продолжува собраниската расправа за уставните измени

21.01.2015 13:40

Во изминативе 6 месеци имавме квалитетна расправа, во која кај дел од првично понудените дојдовме до поквалиетни решенија - оцени министерот за правда, Јашари.

Денеска продолжува собраниска расправа за предложените амандмани за промена на уставот. Од прашања поврзани со бракот, преку меѓународни финансиски зони и лимит за задолжувањето, до прашања од судството.

Во изминативе 6 месеци имавме квалитетна расправа, во која кај дел од првично  понудените дојдовме до поквалиетни решенија - оцени министерот за правда, Јашари.

Критиките дојдоа од политичкиот опонент. Наместо со суштински се занимаваме со маргинални теми- е ставот на ДПА.

За ВМРО-ДПМНЕ осмата по ред уставна корекција е во интерес на сите граѓани. Независните пратенички со различна позиција најавија дека нема да дадат поддршка за амандманите што се поврзани со реформите во судството.

Деловникот предвидува тридневна расправа. За зелено светло е потребно двотретинско мнозинство.

Ова се осми по ред уставни измени. Последните беа во 2011-тата година.