Македонија води здрави економски политики

21.01.2015 13:45

Македонија годинава ќе има највисок раст во Југоисточна и Централна Европа со позитивни проекции за иднина...

Владата води здрави економски политики. Последната потврда стигна од реномираните Светска банка и ЕБОР. Македонија годинава ќе има највисок раст во Југоисточна и Централна Европа со позитивни проекции за иднина.

Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески причината зошто Македонија бележи позитивни резултати лежи во реализираните капитални инвестиции, привлекувањето странски инвестиции и поддршката за домашните компании со евтините кредити.