Преку мерката за млади вработени 6.126 лица
Министерот најави дека на почетокот на месец февруари ќе започне со реализација и новиот Оперативен план за активните мерки за вработување за 2015 година...

Преку реализиција на мерката за вработување на млади до 29 години за ослободување на социјални придонеси и персонален данок, до сега од месец март 2014 година, за 10 месеци се вработени 6126 млади, информираше денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на Саемот за вработување кој се одржува во Тетово.
„Ова е навистина голем успех за самата мерка која што беше е насочена на олеснување на отворањето на работни места пред се за младите лица во нашата држава и надминување на најголемиот предизвик со кој што се соочуваме. Можам да кажам дека оваа мерка која што е дел од законските решенија кои ги донесовме како Влада во март 2014 година, вродува и дава големи резултати“, нагласи Спасов.
Министерот најави дека на почетокот на месец февруари ќе започне со реализација и новиот Оперативен план за активните мерки за вработување за 2015 година, кој што ќе нуди големи можности за вработување на невработените лица, побрзо и послесно да стигнат до работа, меѓутоа и значително субвенционирање на приватните компании во насока на обезбедување на финансиски средства и стимулации за да отворат нови работни места.
