Најмногу извезуваме во Германија
Надворешно – трговската размена во 11 –те месеци лани е зголемена за 2,8 насто во однос на истиот период претходната година . Заводот за статистика објави дека обемот на размената со странство вредел 9,8 милијарди долари. Извезената стока достигна износ од 3,8 милијарди долари , што е за 5,6 насто повеќе од 11-те месеци 2012 година . Увозот е поголем само за 1 насто и за него се потрошени речиси 6 милијарди долари . Германија и натаму е најголемиот трговски партнер , особено при извозните трансакции со над 35 проценти од вкупниот извоз.

Надворешно – трговската размена во 11 –те месеци лани е зголемена за 2,8 насто во однос на истиот период претходната година . Заводот за статистика објави дека обемот на размената со странство вредел 9,8 милијарди долари. Извезената стока достигна износ од 3,8 милијарди долари , што е за 5,6 насто повеќе од 11-те месеци 2012 година . Увозот е поголем само за 1 насто и за него се потрошени речиси 6 милијарди долари . Германија и натаму е најголемиот трговски партнер , особено при извозните трансакции со над 35 проценти од вкупниот извоз. Во петте најзначајни земји за извоз и увоз спаѓаат Грција ,Србија ,Велика Британија и Италија .
Лилјана Алтипармакова
