Високо ниво на загаденост: Препораките делумно се почитуваат
Пешаците се откажуваат од подолги прошетки на отворено, но, возачите не го пуштаат воланот на своите автомобили. Препораките на градот Скопје за редукции поради загадениот воздух, делумно се почитуваат. И денеска, на многу места, штетните честитки многу пати над дозволеното...

Поредуцирано движење пеш, несмален сообраќаен интензитет – граѓаните и возачите велат дека колку што можат ги почитуваат препораките на градските власти поради високото ниво на загаденост на воздухот во Скопје. Најкритично е во утринските и попладневните часови. Граѓаните ги чувствуваат последиците.
„И на очите и на дишењето чуствувам проблеми, но кога мораш да излезеш ќе излезеш и ќе го поднесеш тој ризик... Ова е најголем проблем што го имаат граѓаните тука, само што ништо не се презема... Треба помалку да се вози, да се стави пар- непар, нешто да се направи, ова е општ хаос...“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Автомобилите се користат вообиачено иако сугестијата беше повеќе да се патува со јавниот превоз.
„Можеби седумдесет посто од возилата е по еден внатре, односно само возачот, што значи дека навистина се вози премногу... Ако се редуцира помалку да се возат возила, секако дека ќе се прочисти воздухот... И тоа има удел, но мислам дека и други работи имаат удел...“, велат граѓаните.
Мерните станици и денеска обоени во виолетово. Штетните честички се далеку над нормалата.
Нарушениот квалитет на амбиеталниот воздух јавно го покажуваат и параметрите на мерните станици. Неколку пати се надминати граничните вредности. Предупредување и препораки- движење само ако е неопходно.
Андријана Атанасовска
