КСС почнува со градба, во ноември старт на производството

21.01.2015 17:39

Менаџментот најави – во следните две години 1.000 вработувања. Бараат искусни оператори техничари и инженери...

Во Шкода и Фолксфаген ќе отпатуваат првите производи на американски „Кej Сејфти Систем – made in Macedonia“. Средината на ноември компанијата ќе го стартува производството во новите погони. За три недели почнува со градба во Кичевската зона. Потпишан договорот за реализација на инвестицијата на 13.600 квадрати. Менаџментот најави – во следните две години 1.000 вработувања. Бараат искусни оператори техничари и инженери. 

„Заинтересирани сме за соработка со локални компании околу нашите набавки. Нашиот објект треба да биде готов во последниот квартал од оваа година ќе имаме околу 300 вработени, во 2016 од 600 до 700 вработени и очекуваме дека ќе го достигнеме потенцијалот од 1.000 вработувања“, изјави Џим Скарпа – заменик претседател за производство во КСС.

Со веќе инсталирана опрема КСС има пробно произвоство во постоечки објект во центарот на Кичево. И вработените од првата фаза се на обука во погоните во Романија. Ќе почнат со работа во февруари. Оваа американска компнанија била клучна   ОДВ Електрик и Капкон да инвестираат во Македонија.

„Две компании кои се веќе присутни во Македонија, ОДВ Електрик и Капкон, се компании кои се добавувачи на КСС, и на еден или друг начин имаше влијание при донесување на одлуките на тие две компании“, изјави Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

КСС е светски лидер во дизајн и производство на автомобилски сигурносни компоненти и системи за  повеке од триста модели на автомобили. Има трисетина производствени капацитети со приближно девет илјади вработени. Инвестира во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореа.

Почетоците на преговори за инвестицијата во Македонија стартувале  на роуд шоуто во Чикаго 2008- мата. По светската економска криза, минатата година КСС ја потврди  одлуката за бизнис во државава.

 

Сузана Фиданска Стоевска