Наставата се одвива нормално во најголем дел од училиштата

21.01.2015 17:50

Се раситни и онака малиот број на училиште во кои нема настава и на наставници кои го поддржуваат штрајкот. Во Скопје, речиси нема средно училиште каде што нема настава. Слична е состојбата и во другите општини во земјава...

Се намали бројот на штрајкувачите и во онака малиот број општини каде што беше бојкотирана наставата. Наставата се одвива нормално во најголемиот дел училишта во Македонија, освен во Струмица и во Куманово.

Наставниците си работат по наставната содржина, учениците се присутни, второто полугодие тече нормално.

Штрајкувачите се повлекуваат, директорите и наставниците од голем број градови сведочат дека се одржува редовна настава- Свети Николе, Пробиштип, Кавадарци, Штип.

„Наставата редовно се одвива... Вработените не го поддржуваат штрајкот... Нема амбиент за штрајк, наставата се одвива редовно“, велат просветните работници.

На обврските што ги носи второто полугодие полека се навикнуваат и учениците. И тие се задовлни што нема штрајк кој потоа ќе се надоместува со настава за време на викендите.

„Да се добие некаква цел има и други средства, не е само штрајкот... Тоа што децата одат на училиште е многу олеснително за нас“, велат родителтите.

Штрајкувачите се повлекуваат и во училиштата во кои вчера немаше настава. На пример, во скопските средни училиста наставата се овива нормално. Од речиси три илјади наставници, штрајкуваат само педесеттина.

Во гимназијата „Зеф Љуш Марку“, од вчерашните 130,  денес настава не држеа само 8. Во основното „Аврам Пишевски“ во Карпош целосно е нормализирана наставата, исто како и во „Владо Тасевски“.

Слична е сликата и во другите градови, штрајкот загуби здив, наставниот процес влегува во нормален ритам.

 

Наташа Гркова-Петрушевска