Уцени и притисоци за членовите на СОНК

21.01.2015 18:01

На наставничката Лидија Балџиева од раководството на синдикатот и се заканиле дека по 33 години таа ќе биде исклучена од СОНК, само затоа што се спротиставила на одлуката за штрајк...

Уцени и притисоци за членовите на СОНК кои одлучија да работат наместо да штрајкуваат. Наставниците што не го поддржаа Синдикатот во намерата да се бојкотира наставата, сметаат дека штрајкот не успеал бидејќи Јаким Неделков почнал да се заканува, манипулира и да врши притисок врз членовите откако увидел дека неговата намера за штрајк недобила поддршка и дека во школите настава има.

На наставничката Лидија Балџиева од раководството на синдикатот и се заканиле дека по 33 години таа ќе биде исклучена од СОНК, само затоа што се спротиставила на одлуката за штрајк.

„Веднаш дојде претставник и јавно кажа дека јас ќе бидам исклучена од СОНК, поради тоа што претходно дадов изјава дека не го поддржувам штрајкот“, изјави наставничката Лидија Балдаџиева.

Покрај заканите дека оние кои нема да штрајкуваат ќе бидат исклучени од СОНК, доплнителен притисок се врши со заплашување дека нема да добиваат правна заштита од Синдикатот ниту поддршка за вработување на хонораните наставници.

Просветните работници велат дека докрај ќе се борат за нивните права и оти никој не смее да биде над законот, велат тие. Наставниците сметаат дека исклучувањето од синдикатот е класичен притисок, а условувањето со правна помош е алиби за тоа како раководството на синдикатот си ги троши парите, велат тие. 

„Апелирам до актуелното наше раководство да престане со притисоците кои на најразлични начини ги врши врз нас, за да ја поддржиме нивната идеја, што е јасен показател за недемократскиот капацитет на Јаким и желбата по секоја цена да си ја задржи позицијата“, изјави Балдаџиева.

Членови на СОНК кои и предходно повикаа да нема штрајк бидејќи тоа е лична битка на неделковски за нов мандат во СОНК, велат дека нема да потклекнат на притисоците.

 

Викторија Тодоровска