Саемот за вработување во Тетово- можност за невработените
Претставници на приватните компании кои имаат слободни работни места и невработените од Тетово се сретнаа на самемот за вработување. Неговата цел е да се мотивираат невработените активно да бараат работа...

Работодавците кои имаат слободни работни места ги собраа биографиите од невработените кои го посетија Саемот за кариера. Ова беше можност за нив да најдат соодветен кадар за своите компании, а невработените да најдат работа.
„Да се зголеми интересот на младите, ги повикуваме јавно да се јават на нашите огласи“, изјави Илија Манев, бизнисмен.
„Административни работници, магационери, продавачи, ИТ менаџери, буквално нудиме голем опсег на работни места“, додава Росана Стефанова.
Саемот е во рамки на стратегиите на Владата за намалување на невработеноста. Најавена е и реализација на оперативен план со активни мерки за вработување.
„Преку реализиција на мерката за вработување на млади до 29 години за ослободување на социјални придонеси и персонален данок, до сега од март 2014 година, за 10 месеци се вработени 6.126 млади“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
„Еден повик до младите луѓе- при избор на образовен профил, дали за средно или за високо образование, да погледаат што се бара на пазарот на труд“, нагласи Влатко Поповски – директор на Агенција за вработување.
Саемот за кариера заврши во Тетово, а се одржуваше во повеќе градови во земајва.
Зоран Јованоски
