СП Катар 2015

Осум селекции во трка за шест осминафинални места од Ц и Д групите

22.01.2015 09:39

Ќе биде исклучително возбудливо ако се знае дека осум репрезентации се во трка за шесте места што водат во осминафиналето...

Денешниот шести натпреварувачки ден е резервиран за дуелите од четвртата рунда во Ц и во Д конкуренциите на СП во Катар.

Ќе биде исклучително возбудливо ако се знае дека осум репрезентации се во трка за шесте места што водат во осминафиналето.

Во Ц групата во топ 16 на мундијалот се веќе непоразените еден два на табелата во моментот, Шведска и Франција. Актуелниот олимписки и европски шампион, француската селекција е апсолутен фаворит во мечот со Алжир, додека Швеѓаните ги очекува двобој со опасниот состав на Египет кој е трет и  посакува позитивен резултат и подобро место за прогрес.

Како и африканците и четвртопласираниот Исланд има шанса со триумф над Чешка од поповолна позиција да гледа кон наредната фаза.     

Со победи во четвртото коло од Д групата Германија, Данска и Полска исто така обезбедуваат нокаут рунда на Мундијалот.

Германија како лидер во групата има дуел со Аргентина и предупредување по  сензационалното реми на гаучосите со Данска, но со победа е речиси прва зашто во последното коло игра со Саудиска Арабија.

Преставникот на скандинавија ќе ја брани втората позиција во групата во  судир со Русија која е ранета по двата пораза во низа и бара последна шанса за добитната четврта позиција. Натпреварот Данска –Русија ќе го гледате на МТВ од 19 часот.

Полска по клучниот триумф над Русија во претходното коло, од третото место, има најлесна задача и против аутсајдерот Саудиска Арабија треба од висока позиција да го подвлече пласманот во осминафинале.

За македонската репрезентација по поразот од Хрватска утрешниот  слободен ден е добредојден за да се врати свежината и да се апсорбира триумфална енергија за дуелот со Австрија в петок кој решава за второ место во групата.

           

Ц – група

1.Шведска      6          (86-82)

2.Франција     5          (84-77)

3.Египет         4          (85-72)

4.Исланд        3          (74-74)

5.Чешка          0          (73-93)

6.Алжир         0          (63-93)

 

Д – група

1.Германија    5          (86-82)

2.Данска         4          (92-72)

3.Полска         4          (76-77)

4.Аргентина  3          (79-68)

5.Русија          2          (78-70)

6.С.Арабија    0          (55-97)

.