Падна рекордот на Кралот

08.01.2014 13:33

С.Џ. Мајлс постигна 10 тројки и го сруши рекордот на Леброн Џејмс, од неговото време во Кливленд. Со 8-те во првото полувреме го изедначи, а потоа рутински постави ново клупско достигнување за историјата. Кавалирс славеа над Филаделфија, со 111:93. Кајри Ирвинг имаше учинок 16 поени и 8 додавања, по три меча пауза.
 
Селтикс го претрпеа 5-тиот пораз во низа. Денвер ги прегази со 129:98, за третата победа по ред за Нагетс. Ренди Фои имаше 23 поени од кои 7 тројки, Фарид 21 поен со 13 скокови, а Лосон 19 поени со 13 асистенции.
 
Индијана го победи Торонто со 86:79, а Ленс Стивенсон остана на само две додавања до четвртиот трипл-дабл сезонава, со 13 поени, 10 скокови и 8 асистенции.
 
Шампионот Мајами победи против Њу Орлеанс, со 107:88. Никс ги совлада Пистонс, во олд-скул пресметката, со 89:85. На Сан Антонио му требаше продолжение, за триумф кај Мемфис, 108:110.
 
На другите средби:
 
Далас - Лејкерс 110:97
Јута - Оклахома 112:101
Шарлот - Вашингтон 83:97
Чикаго - Феникс 92:87
Бакс - Вориорс 80:101
Блејзерс - Кингс 119:123