Визер организира специјален лет за децата од домот „11 Октомври“
22.01.2015 10:30
Летот ќе биде од Скопје до воздушниот простор над Охридското Езеро...

По повод новите дестинации што „Визер“ ги најави за неколку европски градови, авиокомпанијата ќе организира специјален лет за дел од штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври“.
Како што е најавено летот ќе биде од Скопје до воздушниот простор над Охридското Езеро и ќе трае нешто повеќе од еден час.
