Поволности за окрупнување на земјиштето
22.01.2015 12:57
Малите и расфрлани парцели се проблем во Македонија, кој се решава со нивно окрупнување. За да се поттикне овој процес, одредени поволности дава и државата...

Досега во Македонија не е спроведена постапка на окрупнување на земјоделско земјиште.
Единствено во 2011-та година во општина Конче се извршија неколку постапки на доброволна размена на земјиштето.
Олеснувања за земјоделците има повеќе. Дозволена е размена на државно со приватно земјиште, а забранета е физичката делба на парцели помали од 2 хектари.
Се покриваат и трошоците за доброволна размена, а со годишна стапка од 4 проценти се субвенционираат и каматите на кредити за купување на земјоделско земјиште.
Методија Трајков
