Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката во одбраната
Јолевски и Кодели потпишаа меморандум за соработка, со кој се овозможува одука на албански предавачи во регионалниот центар за комуникации на НАТО...

Македонија и Албанија имаат одлични билатерални односи, особено во одбраната, констатираа министрите Јолевски и Кодели. Иднината на земјите од Балканот е во евроатлантските институции.
Албанија како земја- членка на НАТО, безрезервно ги поддржува македонските аспирации за членство во алијансата, изјави албанската министерка за одбрана. Изрази надеж дека наскоро ќе биде надминат проблемот околу името.
Јолевски и Кодели потпишаа меморандум за соработка, со кој се овозможува одука на албански предавачи во регионалниот центар за комуникации на НАТО.
Двете земји посебна важност посветуваат и на безбедноста. Албанската министерка за одбрана беше примена и од претседателот Ѓорге Иванов.
