ЕЦБ пред тешка одлука

22.01.2015 13:22

Според планот, секој месец до крајот на 2016-та, банката ќе купува владини обврзници во вредност од 50 милијарди евра, што е двапати повеќе од најавеното...

Европската централна банка денеска треба да донесе одлука за внесување илјада милијарди евра, односно еден трилион, за закрепнување на ослабената економија на еврозоната.

Според планот, секој месец до крајот на 2016-та, банката ќе купува владини обврзници во вредност од 50 милијарди евра, што е двапати повеќе од најавеното.

Со ваквата стратегија, која веќе функционира во САД, треба да се намалат каматите на кредитите и да се поттикне растот во еврозоната  и креирањето нови работни места.

Каматата е фиксна за инвеститорите, и изнесува 4 насто годишно за период од 10 години, по што се враќа и влогот на кредиторот.

Програмата за купување  државни обврзници треба да почне во март годинава.