Сеуште траат претресите во Гостивар, се разбива меѓународна криминална група

22.01.2015 13:48

Се апсат лица, членови на меѓународна криминална група кои долго време се занимавале со недозволена трговија со дрога...

Гостивар е дел од координирана меѓународна полициска акција насочена кон нарко криминалци. Од изутрината силни полициски единици се распоредени  во Гостивар и во неколку други градови.

Се апсат лица, членови на меѓународна криминална група кои долго време се занимавале со недозволена трговија со дрога.

Сеуште траат претресите, а голем број членови на оваа криминалната група се веќе уапсени во други држави. 

Од МВР повеќе детали најавуваат  во текот на денот.