Се вжештува ситуацијата во Грција пред изборите

22.01.2015 14:22

Ципрас, лидерот на Сириза, побара поддршка од гласачите за да ја направи земјата посилна во преговорите со кредиторите...

Пред изборите в недела се вжештува ситуацијата во Грција, сите се убедени во победа. Премиерот Самарас, на главниот митинг во Солун ја нападна Сириза дека се обидува да воведе севернокорејски режим, ставајќи ги сите независни финансиски тела под надлежност на премиерот.

Ципрас, лидерот на Сириза, побара поддршка од гласачите за да ја направи земјата посилна во преговорите со кредиторите и порача – Нова демократија ќе бара нов лидер, единствено ќе банкротираат Самарас и неговата екстремнодесничарска група пријатели.

Германски тинк тенк анализира – подобро Грција да излезе од еврозоната и да предизвика штета од 250 милијарди евра, отколку да ја уценува Германија.