Прогноза од Давос: По падот, цената на нафтата ќе достигне 200 долари за барел
22.01.2015 14:29
Тоа може да се случи во наредните неколку години, ако ОПЕК не успее да се договори за намалено снабдување...

Една од прогнозите на светските моќници собрани во Давос е дека цената на нафтата, по сегашниот пад, ќе се искачи и до 200 долари за барел.
Анализираат дека ниската цена ги намалува капиталните инвестиции и долгорочно може да предизвика недостаток од нафта на светските пазари.
Тоа може да се случи во наредните неколку години, ако ОПЕК не успее да се договори за намалено снабдување.
