Наскоро американска амбасада во Хавана и кубанска во Вашингтон

22.01.2015 14:35

Високите делегации на двете земји се согласија да соработуваат во спасувачките мисии...

Вториот ден од историските американско-кубански разговори е посветен на проблеми од безбедноста на чартер летовите меѓу Мајами и Хавана, до искоренување на употребата на лажни пасоши.

Високите делегации на двете земји се согласија да соработуваат во спасувачките мисии.

Денеска треба да биде договорено и отворање на американска амбасада во Хавана и кубанска во Вашингтон, првпат по ембаргото од 53 години.