Мексиканските нарко дилери користат дронови за транспорт на дрога

22.01.2015 14:42

Дрон претоварен со метам-фетамин се урна пред супермаркет во мексиканскиот пограничен град Тихуана. Требало да ја испорача дрогата во Калифорнија...

На нарко дилерите не им недостасува креативност. Дрон претоварен со метам-фетамин се урна пред супермаркет во мексиканскиот пограничен град Тихуана. Требало да ја испорача дрогата во Калифорнија.

„Пакетчињата со тежина од 2,7 килограми „метамфетамин“ беа залепени и покриени со пластични кесиња“, изјави Патрисија Вилкс, директор на полицијата во Тихуана.

Ова не е првпат мексиканските дилери да користат дронови, а користеле и катапулти, ултралесни летала и тунели.