Македонија и Косово ги унапредуваат билатералните односи

22.01.2015 15:11

Двете страни ја истакнале својата стратешка определба за членство во Европската Унија и НАТО, потенцирајќи дека тој пристап е најдоброто средство за обезбедување на понатамошен напредок на регионот...

Премиерот Никола Груевски го прими министерот за надворешни работи и вицепремиер на Косово, Хашим Тачи. Како што соопши владината прес- служба, соговорниците разговарале за реформите кои се спроведуваат во двете земји, европските и евро-атлантски интеграции и можностите за понатамошно унапредување на односите во сферите од взаемен интерес.

Двете страни ја истакнале својата стратешка определба за членство во Европската Унија и НАТО, потенцирајќи дека тој пристап е најдоброто средство за обезбедување на понатамошен напредок на регионот.

Груевски и Тачи разговарале и за реализацијата на инфраструктурни проекти од регионален контекст, со чија што реализација ќе се унапредат условите за засилување на трговската размена и ќе се има позитивно влијание за економскиот раст и отворањето нови работни места.

Вицепремиерот на Косово и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески потишаа договор за взаемно поттикнување и заштита на инвестициите.

Тачи е во еднодневна посета на земјава, по покана на шефот на дипломатијата Никола Попоски.