Нови шест дестинации со „Визер“

22.01.2015 15:20

„Визер“, најголемиот нискотарифен авиопревозник во Централна и во Источна Европа, на 29 јуни ќе позиционира и трет воздухоплов од типот „Ербас 320“ во базата во Скопје...

Нискобуџетната „Визер“ објави дека на аеродромот „Александар Велики“ ќе постави и трет авион, и ќе лета на шест нови дестинации од аеродромите со кои управува „Тав Македонија“ во Скопје и во Охрид.

Двете компании ги најавија авионските дестинации, организирајќи специјален, бесплатен лет за 50-ина штитеници од домот за деца без родители „11 Октомври“ до воздушниот простор над Охридско Езеро, и назад.

„Визер“, најголемиот нискотарифен авиопревозник во Централна и во Источна Европа, на 29 јуни ќе позиционира и трет воздухоплов од типот „Ербас 320“ во базата во Скопје.

Ќе воведе пет нови летови од метрополата кон Фридрихсхафен, Осло- Торп, Барселона, Хамбург- Лубек и Нирнберг.

Исто така, од 1 јули „Визер“ ќе почне да лета и од  Охридскиот аеродром „св. Апостол Павле“, двапати неделно кон Базел- Мулхаус.