„Алма Малер“ на 28 јануари премиерно во МНТ

22.01.2015 15:26

Режисерот Зафирчев денеска на прес-конференција рече дека Алма Малер е грандиозна тема, општо книжевноста и драмската литература не само кај нас, туку и пошироко...

Нова премиера во Македонскиот народен театар. „Алма Малер“ е насловот на монодрама за две жени на авторот Сашо Димоски. Режисер е Васил Зафирчев, а во главните улоги ќе настапат Милица Стојанова и Звезда Ангеловска.

Режисерот Зафирчев денеска на прес-конференција рече дека Алма Малер е грандиозна тема, општо книжевноста и драмската литература не само кај нас, туку и пошироко многу ретко се занимаваат со третирање на вака моќни, раскошни и богати женски биографии, каква што е биографијата на Алма Малер, една од најголемите и највлијателни европски дами на крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Откако го прочитав текстот ме зароби до тој степен што јас не знаев кога е ден кога е ноќ, да живеам со Алма, да се обидам да ги почувствувам сите нејзини случувања во тој живот нејзин, сите нејзини трауми, задоволства и трпеливост да го изживее животот, изјави актерката Милица Стојанова.

Актерката Звезда Ангеловска нагласи дека се работи за претстава каде темата е уметност.