Наставата се одвива непречено и покрај повиците за штрајк од страна на СОНК

22.01.2015 16:58

Наставниците кои се противат на одлуката на независниот синдикат и денеска се пожалија на притсоци од раководството. Тврдат дека се убедени оти штрајкот е лична амбиција на поединци...

Наставниците предаваат, учениците се на часови. Без проблеми тече второто полугодие во најголем дел од училиштата низ земјава. Се нормализира наставата и  онаму каде се штрајкуваше.

Одлуката на СОНК не ја поддржаа уште 9 училишта. Наставниците таму се на работните места. Нема штрајк во скопските гимназии „Георги Димитров“ и „Цветан Димов“. Нема штрајк ниту во основновното „Петар Здравковски“ од Бутел, „Гоце Делчев“ во Василево, „Перпарими“ во Тетово, „Симче Настевски“ Јегуновце и гимназиите „Јане Сандански“ во Битола и „Коле Неделковски“ во Велес.

Наставниците ја бојкотираат наставата единствено во Куманово, Струмица и во некои училишта во скопски Центар.

Наставниците кои дојдоа на своите работни места се убедени дека штрајкот е лична амбиција на поединци.

Наставниците што јавно проговорија дека нема да штрајкуваат,велат дека нема да потклекнат на заканите на претседателот Неделков дека ќе бидат исклучени од членството на синдикатот, затоа што не се согласуваат со неговата идеја за бојкот на наставата.

Таков беше примерот со Лидија Балџиева. Наставничката по 33 години веднаш од како јавно не го поддржа штрајкот, раководството ја исклучи од Синдикатот. Од СОНК  тврдат дека ќе биде исклучен секој кој не го почитува статутот. Условуваат дека ќе штрајкуваат додека не им се одговори на барањата .

 

Викторија Тодоровска