Финансиска инјекција од трилион евра за еврозоната
Шемата е следна - планирано е ЕЦБ да ги купи државните обврзници во вредност 60 милијарди евра месечно до крајот на 2016-та, што е за двојно повеќе од сумата што претходно се очекуваше. Потоа парите ќе бидат инјектирани до финасиските институции...

Европската централна банка (ЕЦБ) најави дека ќе вложи еден трилион евра во слабата економија во еврозоната, со основна цел зголемување на економскиот раст.
Шемата е следна - планирано е ЕЦБ да ги купи државните обврзници во вредност 60 милијарди евра месечно до крајот на 2016-та, што е за двојно повеќе од сумата што претходно се очекуваше. Потоа парите ќе бидат инјектирани до финасиските институции-банките, кои понатаму ќе ги намалат каматите со што ќе стимулираат поголема потрошувачка и започнување на нови бизниси, што пак, сосема логично ќе значи и отворање на нови работни места.
„Програмата ќе опфати средства за купување на хартиите од вредност и обврзници . Комбинација та на месечни набавки ќе изнесува 60 милијарди евра. Овој проект ќе трае до септември 2016-та“, изјави Марио Драги, претседател на ЕЦБ.
Станува збор за таканаречени евтини пари за раст на европската економија, а првите резултати можат да се очекуваат по шест месеци. Инфлацијата на ниво на еврозоната ќе котира под два насто.
Најголем протвник на финансиската инекција досега беше Бундес банката, додека Франција и Италија, чии економии сеуште не влегле во процесот на закрепнување, се изјаснија за реформите.
Планирано е ЕЦБ да започне со купување на државните обврзници од март оваа година.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
