Дали ќе се стабилизира финасикиот пазар со новите мерки на ЕЦБ?!
Финасиските експерти велат дека германскиот пазар често пати се смета за еден од најсигурните одредишта за вложување во Европа, и дека економијата ќе добие најмногу кога ќе почнат инветсициите на странски капитал во Европа...

Извештаите од европските берзи бележат дека евобврзницата Еурофисрт 300 индекс, забележа минимален пораст, но и дека и натаму останува на најниско ниво од почетокот на 2008-та година. Најголема добивка забележа франкфуртскиот ДАКС идекс и тоа за 0,47 насто.
„За мене, како политичар, важно е дека сите сигнали и шпекулации треба да се избегнуваат, околу новонастата состојба, треба во секој случај, поблиска економска соработка на земјите од еврозоната, со цел да се стабилизира финасикиот пазар“, изајви геманскиот канцелар Ангела Меркел.
„Со падот на цената на нафтата, што очигледно ќе има последици и на глобално ниво, ние ја следиме и сотојбата што неделава се случува на европскиот финасиски пазар“, рече министерот за финансии на Велика Британија, Џорџ Озборн.
Финасиските експерти велат дека германскиот пазар често пати се смета за еден од најсигурните одредишта за вложување во Европа, и дека економијата ќе добие најмногу кога ќе почнат инветсициите на странски капитал во Европа.
Добивки добиле и швајцарските обврзници каде што на тамошната берза индексот СМИ на пладне се зголемил за 3, 2 насто. Се очекува наредите денови да се стабилизра и курсот на еврото, којшто забележа негативен тренд минатата недела спуштајќи се на 1,4 долари. Оваа состојба беше предизвикана од најавите на Европската централна банка за потикнување на програмата за квантитативно ублажување на монетраната политика.
Пазарот на зовирената состојба со наглиот пад на цената на нафтата и бакарот и вивнувањето на шавјацарскиот франк, единстевно може да се регулира само со одлуката на Европската централна банка, да почне со дополнително монетрано попуштање, за да се обезбеди стабилност, не само на цената, и инфлацијата да се задржи под 2 насто, велат финансиски експерти.
Мирјана Василева
