Пронајден мртов маж кај автопатот во близина на Гостивар
22.01.2015 17:44
Се претпоставува дека возилото излетало од патот во канал со вода, од засега непознати причини. Неофицијално, во телото на машкиот труп имало и прострелни рани...

На седум километри од Гостивар, на автопатот кај Неготино-Полошко пронајден мртов маж во возило „Регано меган“.
Се претпоставува дека возилото излетало од патот во канал со вода, од засега непознати причини. Неофицијално, во телото на машкиот труп имало и прострелни рани.
Полицијата и јавен обвинител се на местото на настанот и врат увид. Засега не соопштуваат детали се додека не заврши истрагата.
