Нова импресивна партија на Антиќ за 14 победа на “јастребите“

22.01.2015 20:20

До крајот на месецот во сите 5 меча “јастребите“ се домаќини се на добар пат да го комплетираат јануари непоразени...

Перо Антиќ одигра одлично во убедливата победа на Атланта над Индијана со 110 : 9 1. Македонецот постигна 12 поени за 18 минути игра, со 3 погодени од 5 обиди за тројки, притоа 4 скокови и 2 асистенции. Неговиот тим е непоразен во 14 натпревари, последен пат на 26 декември минатата година. До крајот на месецот во сите 5 меча “јастребите“ се домаќини се на добар пат да го комплетираат јануари непоразени. На свој паркет имаат 18 победи и 3 загубени средби и со вкупен скор од 35 – 8 се убедливо најдобри на истокот, со 6 победи пред Вашингтон. Тимот од главниот град загуби дома од Оклахома со 105 : 103, благодарение на блескавиот настап на тандемот Дурант – Вестбрук, кои комбинирано имаа 66 поени, 15 скокови и 11 асистенции.

Во Западната конференција Голден Стејт дојде до 34 победа сезонава, откако во дербито го совлада Хјустон со 126 : 113, предводен од Томсон со 27 поени и Кари со 22. Најдобриот стрелец во лигата Харден беше најдобар кај гостите со 33 поени. Во другите средби победи забележаа Шарлот над Мајами 78 : 76, Кливленд против Јута 106 : 92, Детроит над Орландо 128 : 118, Мемфис над Торонто 92 : 86, Њу Орлеанс против ЛА Лејкерс 96 : 80, Њујорк против Филаделфија со 98 : 91 и Далас над Минесота 98 : 85.