СП Катар 2015

Чешка го торпедираше Исланд

22.01.2015 21:20

Осмиот ден мина главно со очекувани резултати. Шведска и Египет одиграа нерешено во дербито од групата „Це“...

Дванаесет репрезентациии досега обезбедија пласман во осминафиналето на Светското ракометно првенство во Катар, во пресрет на натпреварите од петтото коло. Осмиот ден мина главно со очекувани резултати. Шведска и Египет одиграа нерешено во дербито од групата „Це“, а Данска ја совлада Русија во најинтересната пресметка од групата „Де“ којашто ја судеа Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Чешка го оствари првиот триумф и ја искомпликува судбината на Исланд кој иако остана непоразен во пресметката со светскиот и олимписки првак Франција, сепак, за пласман во нокаут сегментот треба да решава во последниот дуел од групната етапа против Египет.   

***

Група „Це“, 4.коло

Шведска – Египет 25-25

Исланд – Чешка 25-36

Франција – Алжир 32-26

Табела: Франција* 7, Шведска* 7, Египет* 5, Исланд 3, Чешка 2, Алжир 0

***

Група „Де“, 4.коло

Полска – С.Арабија 32-13

Германија – Аргентина 28-23

Русија – Данска 28-31

Табела: Германија* 7, Полска* 6, Данска* 6, Аргентина 3, Русија 2, С.Арабија 0