Завршница на првиот дел на СП
И тука се отвораат дилемите: Дали за нас е подобро 1/8-финале со Словенија која е одличен состав предводена од најдобриот стрелец на првенството Гајиќ или Катар-солиден состав со интернационалци во своите редови и со вербата дека со предноста што вообичаено ја имаат домаќините би требало најмалку да стигнат меѓу најдобрите 8...

Завршно коло од фазата по групи на 24-тото светско ракометно првенство во Катар.Нема многу,но денеска ќе бидат отстранети и последните дилеми кој против кого во нок-аут фазата односно во осминафиналето. За нас секако најпривлечен е натпреварот од 17 часот меѓу селекциите на Македонија и Австрија во директен дуел за втората позиција во Б групата.Дали тоа претпоставува полесен противник во осминафиналето останува отворено прашање. Со победа или нерешен исход Македонија ќе го потврди второто место веднаш зад Хрватска,а тоа пак значи дека 1/8-финалето најверојатно ќе играме со Словенија која го загуби меѓусебнитот дуел со Катар и денска ќе игра со фаворитот Шпанија, додека домаќините не би требало да имаат посериозен проблем со Белорусија,што би значело дека Катар ќе биде втор во групата „А“ со која ќе вкрстува Македонија.
И тука се отвораат дилемите: Дали за нас е подобро 1/8-финале со Словенија која е одличен состав предводена од најдобриот стрелец на првенството Гајиќ или Катар-солиден состав со интернационалци во своите редови и со вербата дека со предноста што вообичаено ја имаат домаќините би требало најмалку да стигнат меѓу најдобрите 8.
Во нашата селекција не се оптоваруваат со калкулации,фокусирани се на мечот со Австрија,на враќањето на победничката патека по поразот од Хрватска,а дури потоа ќе размислуваат за осминафиналниот противник.
Значи ако сумираме,завршното коло во А групата денеска го отвораат Бразил и Чиле,во истовреме од 15 часот ќе играат Шпанија и Словенија,а ќе го заокружат Катар и Белорусија од 17 часот.
Шпанија ,Словенија и Катар веќе се во 1/8-финалето, Бразил е со многу пореални шанси од Белорусија.
Во Б групата мечот меѓу Македонија и Австрија е од 17 часот. Во истовреме ќе играат Хрватска и Босна, а отвораат Тунис и Иран од 15 часот.
Зоран Видевски, специјален известувач од Катар за МРТ
