По 80 години ќе се обнови болницата во Кичево

08.01.2014 13:40

Со 200 милиони денари комплетно ќе се реконструира болницата во Кичево

Со 200 милиони денари комплетно ќе се реконструира болницата во Кичево, најави ресорниот министер Никола Тодоров. По 8 декади оставена на забот на времето, реконструкцијата ќе почне во март или април годинава, рече Тодоров најавувајќи дека треба да завршат за 16 месеци. Во новообновениот објект ќе бидат сместени сите болнички одделенија. Ќе се зајакне статичката стабилност на објектот, но ќе се изградат и нови операциони сали, посочи министерот.