СП Катар 2015

Дански арбитри против Австрија

23.01.2015 11:07

Дуелот во „Ал Сад“ арената го носи предзанкот дерби во денешната мундијалска програма, па светската ракометна куќа делегираше искусни судии од призната ракометна нација...

ИХФ реши денешниот натпревар меѓу Македонија и Австрија да го судат Данците Мадс Хансен и Мартин Гјединг. Дуелот во „Ал Сад“ арената го носи предзанкот дерби во денешната мундијалска програма, па светската ракометна куќа делегираше искусни судии од призната ракометна нација.

Македонските ракометари играат за второто место во групата „Бе“. Доколку победат или одиграат нерешено, најверојатно ќе одат на Словенија во осминафиналето, а со евентуален пораз од Австријците би требало да се сретнат со домаќинот Катар во фазата на најдобрите 16.

Преносот од дуелот меѓу Македонија и Австрија е на МТВ1 од 17 часот, а од 15.00 ќе го гледаме соочувањето на светскиот првак Шпанија и на Словенија.