Тече рокот за откуп на општествените станови

23.01.2015 18:00

Според евиденцијата на Министерството за транспорт и врски, треба да се откупат околу 2.500 станови...

Тече рокот за откуп на околу 2.500 општествени станови и дивовселени станови. До 31-ви март, лицата кои живеат во нив ќе треба да се изјаснат дали ќе го откупат станот или ќе плаќаат кирија. Оние што нема да го запазат рокот го губат правото на откуп, објаснува ресорниот министер.

„Повик до околу 800 лица кои се корисници на општествеи станови, час поскоро да ги комплетираат документите, ние веќе започнавме со достава на документи кои им фалат. Доколку истото не го направат во законскиот рок, ќе го изгубат и правото на откуп на стнаот“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. 

Според евиденцијата на Министерството за транспорт и врски, треба да се откупат околу 2.500 станови. Подрачните едници на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од понеделник ќе работат во две смени.

„Нашите подрачни единици ќе работат во понеделник, среда и петок. Ќе отвориме канцеларии кои ќе работат од 8 и 30 до 19 часот“, вели Цветко Грозданов, директор    на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Закупот и учеството при откупот ќе зависи од примањата. Цената е приближна на пазарната, велат од Министерството за транспорт и врски. Лицата во социјален ризик ќе добијат закупнина која ќе ја плаќа државата. За втората категорија со приходи до 17.600 односно 30.000, цената на закуп по квадратен метар ќе се движи од 25 до 35 денари и за откуп учество од 5 проценти од вредноста на станот.

Условите за домаќинствата со примања до 2,5 нето просечни плати предвидуваат закуп по цена од 62 до 95 денари за квадратен метар, и со 20 проценти учество.

Лицата со високи примања ќе можат да го откупат станот со учество од 30 проценти. Рок на отплата е од 30 години.

 

Дијана Ценевска