Голем интерес на граѓаните за „Купи куќа, купи стан“, канцеларијата ги исполнува очекувањата

23.01.2015 13:23

По 30-тина граѓани дневно доаѓаат да се информираат каде можат да најдат слободни станови под 900 евра за квадрат, какви се условите за аплицирање, од кои банки можат да добијат кредити...

Отворената канцеларија за проектот Купи куќа, купи стан во Министерството за финансии ги исполни очекувањата. По 30-тина граѓани дневно доаѓаат да се информираат каде можат да најдат слободни станови под 900 евра за квадрат, какви се условите за аплицирање, од кои банки можат да добијат кредити и колкава ќе биде помошта од државата.

Ги информираме граѓаните за сите услови. Интересот е значително зголемен. Од крајот на ноември до Нова година позитивно се решени преку 100 барања, а од тогаш до сега 35, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Според него, интересот се интензивира согласно одржаните саеми и работата на канцеларијата.

Сакам уште еднаш да ги повикам граѓаните да дојдат, да се информираат. Кога ќе се информираат ќе можат да си ја проценат состојбата и подобро да донесат одлука, подвлече Ставрески.