Рели Дакар

Рома и Борт победници во третата етапа

08.01.2014 14:03

Авантуристите на две и на четири тркала денеска имаат една од најтешките задачи на годинашното издание на релито Дакар, коешто и годинава се одржува низ беспаќата во Јужна Америка. Во текот на денешната четврта етапа од Сан Хуан до Чилесито во Аргентина, минуваат преку реки, се спуштаат низ кањони, а патот ги води и низ безброј други опасни предели. Специјален дел во должина од дури 657 километри, натпреварувачите на престижното рели немале уште од 2005.

Шпанецот Нани Рома зад управувачот на Мини синоќа беше најбрз меѓу автомобилистите во третата етапа. 300-километарската делница од Сан Рафаел до Сан Хуан во Аргентина тој ја мина за минута побрзо од тимскиот партнер, Полјакот Кшижтоф Холовчицни, додека три минути заостана Јужноафриканецот Лирој Пултер во Тојота. Со етапниот успех, Рома ја зголеми предноста во генералниот пласман и има девет минути подобро време од Аргентинецот Орландо Теранова и десет минути од Катарецот Насер Ал-Атијах. Сите тројца се возачи на мини.

Меѓу мотоциклистите славеше Шпанецот Хоан Баред Борт од тимот на КТМ, кој беше за четири минути побрз од Французинот Сирил Депре и за шест минути побрз од вториот Шпанец, Марк Кома од КТМ. Идентичен е редоследот и во вкупниот поредок, каде што зад Борт Депре доцни 13, а Кома 14 минути.