Благајникот на штипската болница проневерил пари

23.01.2015 12:27

По извршениот разговор со осомничениот е утврдено дека парите ги потрошил за решавање на лични финансиски проблеми...

Главниот благајник на штипската болница лани украл 1,4 милиони денари. Финансиската полиција утврдила дека осомничениот крадел пари од болничката каса и парите од наплатата за лекарски уверенија и прегледи ги ставал в џеб.

По извршениот разговор со осомничениот е утврдено дека парите ги потрошил за решавање на лични финансиски проблеми.

Дополнително ќе се утврдува дали и во минатите години осомничениот проневерувал пари од наплатената партиципација на пациентите.