СП Катар 2015

Македонија со стил во осминафинале против Словенија

23.01.2015 22:11

Како и во Хернинг на Европското првенство во Данска лани, така и овде тежок дуел овој без некое особено темпо во првото полувреме ( 16-16) во кое резервирано делуваа и двете селекции...

Mакедонската ракометна селeкција во осминафинале оди од втората позиција во групата Б и со стил , триумфално, откако славеше против Австрија 36-31, во последниот натпревар од првата фаза на Мундијалот во Катар.

Четврта во петиот натпревар во групата со добро познат противник. Како и во Хернинг на Европското првенство во Данска лани, така и овде тежок дуел овој без некое особено темпо во првото полувреме ( 16-16) во кое резервирано делуваа и двете селекции.

Изедначен прв дел во кој имавме водство максимално од плус 3 (8-4) во 14-та минута и неколку пропуштени зицери за да заминеме на пауза со водство. Во решавачките 30 минути одигравме поагресивна одбрана предводени од  извонредниот  Ангелов на голот кој за 30 минути имаше 9 одбрани, и рутинирано ја искористивме својата шанса и слабостите на ривалот.

Во нападот прецизни и рационални , рутинирани кога за тоа беше најпотребно, го надигравме ривалот и постојано ја зголемувавме предноста до максимални плус шест (29-23) на десет минути до крајот. Две минути подоцна ја пресликавме истата предност (30-24) и тогаш почна забавата на теренот и на трибините кај нашите прекрасни навивачи во Ал Бин Хамат Ал Атијах арената во Доха, кои и овојпат знаеја многу искрено и симпатично да и се израдуваат на победеата.

Капитенот Кире Лазаров беше повторно лидер со 9 гола, одлично подржан од Миркуловски којдодаде 6 и Георгиевски  кој со максимален ефект погоди четири пати.

Кај поразените очекувано крилото Вебер беше нјефикасен со 8 гола, 7 постигна Силаги.

Македонија в недела од 16.30 во осминафиналето игра  против Словенија во среќната Ал Бин Хамат Ал Атијах арена каде што ги победивме БиХ, Иран и Австрија. 

 

Југослав Костовски, специјален известувач од Катар за МРТ