Победи во Кицбил на Парис и Писторо!
Италијанецот Парис знае да победува во Кицбил. Во 2013-та беше најдобар во спустот, денеска на скратениот „Шрајф“ ја оствари првата победа и сезонава и во супервелеслалом во кариерата...

Трката на скијачката сезона, спустот на легендарната патека Шрајц е утре, денеска пак на победи во австрискиот скијачки центар Кицбил, се радуваа Доминик Парис и Алексис Пинторо.
Италијанецот Парис знае да победува во Кицбил. Во 2013-та беше најдобар во спустот, денеска на скратениот „Шрајф“ ја оствари првата победа и сезонава и во супервелеслалом во кариерата, по претходните три триумфи во нарбрзата дисциплина. 25-годишниот Парис беше побрз од двајца Австријци, 6 стотинки од Маер и 34 од Шрајбергер и му побегна на Норвежанецот Јансруд на 29 бода во поредокот во супер – џи.
Французинот Пинторо пак, имаше најдобро време вклучувајчи го и слаломот за победа во втората алпска комбинација сезонава. Австриецот Марсел Хиршер го освои второто место со заостаток од 69 стотинки, но ја зголеми прендоста во Светскиот куп во однос на Јансруд на 182 бода.
